НУКЛЕАРНА БОМБА НА МИЛЕНКО: Сашо Мијалков е газда на Алфа телевизија, сон му е неговиот син Јордан Мијалков да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски е избран само да грее клупа!

0
4579

Значи, за следново се работи:
Директорот на ААВМУ Зоран Трајчевски, инаку долгогодишен незаменлив кадар на ВМРО ДПМНЕ (го уништи ЕМО Охрид и остави фамилии и деца без леб и греење), добил сериозна парична награда од Вице Заев и Роби Телекабел за да обезбеди национална фрекфенција на нивната телевизија 24Вести. Таму, кадрите на Велија Рамковски, веќе си ја утабале стазата на плодната “соработка“ што ја имаше Велија со компанијата Нилсен, па како и во времето на А1 и сега, во нивна корист, а на штета на другите телевизии, вештачки им се билда гледаност. Но, сакаат да бидат и национален концесионер ко Сител, Алсат, Канал 5, Телма и Алфа.
Бидејки нема нови или празни концесии, Трајчевски како шакал се окомил на концесијата на Алфа. Оти на другите 4 концесионери не смее ниту да им пријде пред очи, оти веднаш добива по уши од неговиот долгогодишен пријател, амбасадор на САД во сенка Мито Бурчевски.
Јавна тајна е дека и покрај некаков си анонимен сопственик од Унгарија, зад телевизија Алфа како сопственик стои Сашо Мијалков. Дискретна тајна е дека таа телевизија му е потребна за остварување на семејните амбиции синот Јордан да стане следниот лидер на ВМРО ДПМНЕ (дотогаш Христијан треба да го грее столчето, ко на времето Заев што го грееше столчето на Црвенковски) и со дипломата од факултетот во Монте Карло (за тоа пишуваше подетално Б. Нонковиќ, а јас ќе правам емисија) да стане и иден Премиер на Р. Македонија.
Емисијата на Миленко и гостувањето на Мирка е тука некаде како камче во чевелот и на Сашо и на Трајчевски.
Во моментов, може тоа да се види и од последното интервју на Роби Телекабел, се води мафијашко-медиумска пресметка помеѓу Роби и Сашо. Во средината е Зоран Трајчевски кој треба да бира помеѓу парите од Вице и стравот што го има од Сашо.
од фејсбук зидот на Миленко Неделковски