НУКЛЕАРКА ОД ОЈО: ТОНИ ШАНАЦ ЌЕ ЛЕЖИ ЗАТВОР 5 ГОДИНИ ПОРАДИ СМРТНИ ЗАКАНИ КОН БРАНКО ТРИЧКОВСКИ!!!

0
6190

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот.

Во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител презеде повеќе истражни дејствија, а преку меѓународна правна помош од социјалната мрежа ги обезбеди и податоците за корисничкиот профил од кој беа упатени заканите, соопшти обвинителство.

Глумецот и член на тесното раководство на ВМРО ДПМНЕ, лани летото на својот ФБ профил напиша дека ,,лично би го убил Бранко Тричковски без око да му трепне“.

Тогашниот министерот за култура, Роберт Алаѓозовски нареди да се поведе дисциплинска постапка против актерот и уметничкиот директор на Македонскиот народен театар, Тони Михајловски поради неговите закани по живот упатени кон новинарот Бранко Тричковски. Со оглед на тоа што станува збор за актер-првенец во МНТ, Алаѓозовски директно го повика директорот Дејан Пројковски да постапи согласно законот и да поведе дисциплинска постапка за повреда на угледот на установата.
Тогаш, дисциплинска постапка за заканите кон Тричковски побараа од здружението на новинари на Македонија.
Извор : Ако.Мк