НУКЛЕАРКА ОД ВАШИНГТОН – ПОМОШНИКОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР, ВЕС МИЧЕЛ МУ ПИША НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ: Многу сме разочарани од вашето поведение, не излажавте, рековте дека сте за ЕУ и НАТО!

0
1649

Помошник државниот секретар на САД, Вес Мичел, му испрати писмо на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое му порачува дека САД се разочарани од позициите на челниците на оваа партија, вклучувајќи го и него лично.

„Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека можел да се постигне некаков “подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно. Овој договор бараше компромис и од двете страни. Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении.

Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот. Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор. Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда.

Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи“, стои во писмото на Мичел до Мицкоски.