НСДП ги осудува сите посегнувања по моралниот и физичкиот интегритет на луѓето независно од причините

0
1185

Идеолошките наследници на поразените сили од Втората Светска војна, кои денес владеат со Македонија, почуствувајќи се загрозени од новата политичка реалност во Македонија, започнаа јавна и безгрупулозна пресметка со сите политички противници и неистомисленици. Со методи и средства својствени на историска озогласената нацистичка идеологија, во континуитет откако се на власт, произведуваат судири и делби.

nsdp

Последните години од нивното владеење, идеологијата ја трансформира во шовинизам, чиј продукт практично се теророт, насилството, агресијата и омразата. Како што расте уверувањето за неминовност од заминувањето на власта на одметнатите од народот, така и ќе се зголемува нивната и нервозата на поданиците на Никола Груевски и ќе се зголемува притисокот за спас од неминовниот пораз. Во таа валкана “војна”нема да биде поштеден никој. Главна мета и натаму ќе останатат опозициските политичари и особено медиумите, односно новинарите што не се под нивна контрола. Ако нешто ги плаши протагонистите на мрачната идеологија, тоа е јавното мислење. Токму поради тоа, во улога на насилници се јавуваат луѓе од општественото дно и уличари, до вицепремиер и премиер.

НСДП ги осудува сите посегнувања по моралниот и физичкиот интегритет на луѓето независни од причините. Сметаме дека, во најголем дел тие се одраз на фрустрации поради стравот од губење моќ и власт. На зло не треба да се одговара со зло, туку со мобилизација на сите прогресивни сили и противници на злото, до конечен негов пораз на вонредните праламентарни избори во април идната година, се вели во соопштениет на Нова социјалдемократска партија.