Ноќниот живот во Дамаск: Алкохол во неограничени количини, забави до зори…

0
1366
Младите Сиријци се обидуваат да уживаат во животот и да разговараат за што било, само не за војната…

Во стариот дел од сирискиот главен град, на само два километри од линијата на фронтот, младите Сиријци танцуваат, пушат наргиле и цигари, пијат пиво и жестоки пијалоци – се обидуваат да уживаат во животот и да разговараат за што било, само не за војната.

Заживувањето на историскиот центар во Дамаск е всушност иницијатива да се настојува луѓето барем да се обидат да создадат чувство на нормализација, иако војната – која однесе повеќе од 250.000 животи – и понатаму трае речиси во целата земја.

Младите Сиријци ја прифатиле иницијативата и несвесно му покажаа на светот зошто Сирија е култура чие богатство не се мери само со историските споменици, туку и со луѓето кои живеат во неа и кои не ја напуштиле ниту во најтешките времиња.