НОРВЕШКА ЌЕ И ДОНИРА 300 000 ЕВРА НА МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА

0
974

Шекеринска и Далтвеит го потпишаа Протоколот за донација од Норвешка  за Северна Македонија: вкупна помош на Армијата од 300 илјади евра

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и одбранбениот аташе на Норвешка Егил Далтвеит го потпишаа Протоколот за донација од Кралството Норвешка на Република Северна Македонија во потрошен медицински материјал во износ од 100 илјади евра. Овие средства се дополнување на 200 илјади евра кои Норвешка веќе ги обезбеди преку НАТО Агенцијата за поддршка и набавка.

Вкупниот износ од 300 илјади евра ќе се искористи за обезбедување на медицински материјал и опрема наменети за мобилната болница ROLE 2 MTF, која е исто така норвешка донација, и која Министерството за одбрана и Армијата ја поставија до Клиниката за инфективни болести во Скопје со што се овозможија дополнителни 130 – 200 болнички легла.

Чекорот на Норвешка е уште еден во низата позитивни примери на помош и поддршка на членките на НАТО кон Република Северна Македонија како искрено добредојде на нашата земја во Алијансата.