Нора Шаќири бара поништување на лустрацијата на својот татко, Хисен Шаќири

0
1898

Screenshot_11

– По три, болни години, решив  јавно да проговорам за злосторството што Комисијата за лустрација го направи кон мојот татко – вели за Телма Нора Шаќири, ќерка на познатиот новинар Хисен Шаќири, долгогодишен уредник во Информативната програма во МТВ и еден од создавачите на редакциите на албански јазик и на другите националности во Телевизија Скопје.

-Кога  објавија дека татко ми е лустриран, тој беше тешко болен, не можеше да зборува, ниту пак да се потпише. За жалба останаа пет дена, но татко ми почина – вели Нора Шаќири, која работи како новинар.

– Упорно барав да ми бидат издадени документи, докази, врз основа на кои е извршена лустрацијата, но такво нешто не постои, Хисен Шаќири немал досие, а тоа со документ го потврди Архивот, каде се чуваат досиејата, и каде мене ми беше дозволено да влезам и да пребарувам – нагласува таа.

sakiri

-Веднаш по лустрирањето на мојот татко, на мое барање, како ќерка, ми издадоа документ дека лицетот Хисен Шаќири не евидира ниту во Архивот, ниту во државните органи за безбедност. Се прашував и сега се прашувам, зошто беше лустриран. Но од друга страна, институциите на кои лустрациската се повикува, кажаа нешто друго, односно ја кажаа вистината, дека Хисен Шаќири никогаш не соработувал со тајните служби и дека никогаш не бил кодош. Тие луѓе од Комисијата, не сите, на чело со Томе Аџиев, си поиграа со името и честа на мојот татко и на моето семејство. За жал, набрзо почина мојот татко, вели Нора Шаќири.

Тоа што уште е важно, нагласува, е дека графата за забелешки на сајтот на Комисијата  за Хисен Шакири е празна. Лустрацијата прво била објавена на еден медиум, а не од самата Комисија, што е несватливо, вели, бидејќи се работи за судбини на луѓе. Жали затоа што колеги новинари од МРТВ не реагирале соодветно.

Текстот во целост прочитајте го тука