Нов црн рекорд во Македонија – нови 535 заразени и шестмина починати

0
807

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-277, Куманово-17, Дебар-7, Штип-22, Прилеп-26, Тетово-18, Струга-8, Велес-10, Битола-13, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-24, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-5, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-15, Ресен-8, Неготино-5.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од: Скопје-68, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-11, Струга-4, Велес-5, Битола-10, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-5, Струмица-8, Кочани-14, Пробиштип-1, Берово-5, Виница-4, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-1, Неготино-2. Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66), Куманово (57), Прилеп (72), Свети Николе (69), Велес (67) и Неготино (55). Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.170, бројката на оздравени пациенти е 16.758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.597“, наведено е во соопштението.

Направените 2445 теста, наведено е таму, се преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-131, Авицена-579, Биотек-282, МАНУ -175, Жан Митрев (Филип Втори) -305, Систина со PCR метода -185, лабораторија Лаор –54, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-86, Инфективна клиника-5, ГАК-8, Синлаб-42, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 19 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 63 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор е 1 пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се 50 пациенти“, се вели во соопштението.