Ново рочиште за „Поткуп“: Обвинител со истечен мандат дојде да ги застапува интересите на режимот на Грујо против Зоран Заев

0
1210

На денешното судско рочиште за предметот Поткуп во кој е обвинет лидерот на СДСМ Зоран Заев, неговата одбрана посочи дека е истечен мандатот на обвинителот од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција Владимир Милошевски. Според одбраната која до судот поднесе доказ од Службен весник, мандатот во обвинителството му истекол на 30 ноември минатата година со што може да се случи сите дејствија кои се наведуваат во случајот да бидат оспорени и укинати, пренесува Радио Слободна Европа.

Судскиот совет даде пауза за да се консултира откако одбраната до судот ги достави ваквите наводи. На ова рочиште се појави и Заев, која според обвинителниот акт, се товари за барање и примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев. Во судот присутни се и бизнисменот Николов, како и адвокатите на Заев, Филип Медарски, Ване Андреев и Јаким Наумов.