Нови 777 социјални станови, гарантирана помош за 34.000 домаќинства, детски додаток за 65.000 деца, 15% повисок додаток за лица со попреченост во новиот мандат на СДСМ, градиме фер и праведно општество

0
1032

Вистинските и исправни политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во насока на градење на фер и праведно општество за сите граѓани, се потврдија, а граѓаните ги чувствуваат придобивките.

Од општество во кое се гази врз достоинството на луѓето станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и уживаат еднакви права.

Но, СДСМ знае дека може уште повеќе и уште подобро.

Продолжува  грижата  за оние на кои им е потребна помош, за сиромашните, ранливите .

До крајот на следниот мандат, социјалната помош која сега е поголема за 300%, ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток.

До 2024 година, со предучилишно образование ќе бидат опфатени  60% од децата на возраст од 3 до 6 години. И сите деца од семејствата со ниски приходи ќе бидат ослободени до плаќање партиципација за градинка. 10.000 деца ќе добијат современи услови за квалитетен раст и развој.

Во следниот мандат ќе бидат изградени  777 социјални станови за најранливите семејства но и за млади брачни парови.

Финансиските средства за преквалификација, тренинг и проактивно едуцирање со цел полесно наоѓање на вработување ќе бидат  зголемени  за 30%.

СДСМ посветено гради систем кој овозможува надминување на пречките на лицата со попреченост. Согласно новата програма, додатоците за сите права за попреченост ќе бидат  зголемени  за 15% во 2021 година. Дополнително, се намалува  границата за користење на правото за попреченост од 26 на 18 години, односно досега овие права ги користеа граѓаните со попреченост со над 26 години старост, а во иднина ќе се користат откако ќе навршат 18 години.

До 2024 година  нема да има ниту една јавна институција без пристапна рампа на својот влез.

СДСМ се грижи и за највозрасните граѓани, во таа насока е и отворањето на  три домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип, како и 10 нови центри за активно и здраво стареење и услуга за помош и нега во домот во 65 општини.

Продолжува и грижата за работниците и унапредувањето на работничките права.

Следува построга, темелна и редовна контрола на работното време и на работничките права.

Ова се само дел од мерките кои што ја потврдуваат вистинската грижа на СДСМ за сите граѓани.

Градиме фер и праведно општество кое се темели на принципи и вредности и еднаква грижа.

Затоа што само такво општество може да води кон напредок, кон интеграција кон подобро утре за сите.