НОВИ ТРИ РЕЖИМСКИ ГЛУВЦИ ГО НАПУШТААТ БРОДОТ ШТО ТОНЕ : АНТОНИО, ЕРМИРА И ИВИЦА БЕГААТ ЗА НОТАРИ?

0
1492

Високи функционери на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се обезбедуваат надвор од политиката со нови добро платени јавни функции како што е нотарската. Пратениците Ермира Мехмети и Антонио Милошоски, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Конески, актуелниот заменик-генерален секретар на Владата Генци Мухареми, поранешни вработени во Министерството за правда, кадри на ДУИ, веќе го положиле нотарскиот испит и неофицијално, веќе имаат уверенија за нотари.

Милошоски, Конески и Мехмети се објавени на список на веб-страната на Министерството за правда, меѓу 32-та кандидати кои на 21 декември 2015 година го положиле испитот за нотари. Веднаш потоа, на 25 јануари годинава, Министерството објавува конкурс за именување на 37 нотари. Но, списокот на именувани нотари Министерството не го објавува. Неофицијално, сите овие функционери на владејачките партии победиле на конкурсот и веќе се здобиле и со уверенија за нотари.

“Некои од нив веќе се именувани нотари, па паралелно вршат две функции. Има тврдења дека некои пратеници веќе и биле именувани за нотари, со што флагрантно е скршен Уставот, бидејќи таму пишува дека пратеничката функција е неспоива со други функции“, велат во Министерството за правда. Таму потсетуваат дека ова не се единствените функционери од двете партии кои по напуштањето нависоките државни позиции што ги имале во власта, положиле нотарски испит во Министерството за правда и од министрите за правда добиле нотарски лиценци. Еден од нив е и поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Џевад Бучи од ДУИ, кој е веќе именуван и ја врши нотарската функција со канцеларија во Скопје.

Мехмети, Милошоски и Конески заедно полагале на 21 декември. Тогаш почна одбројувањето на оставката на тогашниот премиер Никола Груевски и се чекаше да проработи Специјалното јавно обвинителство.

Извор : СакамДаКажам