Новиот поглавар на ИВЗ: Коронавирусот постои, и сега брзо се шири. Да бидеме одговорни

0
1010

Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху, денеска одржа прва прес-конференција на која одговарајќи на новинарски прашања порача дека коронавирусот постои и повика да се почитуваат мерките.

-Оваа болест е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки кои ги поставиле органите и да дадеме придонес за што побргу да излеземе од оваа состојба. Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите ’страв не, но голема свест против оваа болест да‘. Мораме да се бориме со сите сили да се надмине ова – рече Фетаху.

Неговиот претходник Сулејман Реџепи, пак, по молитва во Мустафа-пашината џамија за Рамазан бајрам го прогласи коронавирусот за мртов, а три дена подоцна беше разрешен.

Извор: 360 Степени