Новиот директор на Службен весник, Кржалоски, утре ќе наполни 24 години – Ќе слави во партиската игротека со партиските ПОЛТРОНЧИЊА

0
1083

По две недели од изборот на Лука Кржалоски за в.д. директор на јавното претпријатие „Службен весник“, денеска на сајтот на претпријатието осамна неговата биографија. Веднаш по неговиот избор, на социјалните мрежи не стивнуваа реакциите за неговата возраст, односно сите коментираа дека е премногу млад, а сега од биографијата и конечно се откри дека има само 24 години.

-Лука Кржалоски е роден на 20 октомври 1992 година во Скопје, Република Македонија. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј‘‘ во Скопје, а моментално е на магистерски студии исто така на Економскиот факултет при УКИМ, насока маркетинг. Во август 2012 година ја заврши летната школа за принципите на слободното општество, во Стокхолм, Кралството Шведска, а во ноември 2014 година заврши обука за претприемништво во организација на Центарот за менаџмент, консалтинг, образование и обука Мотива во Скопје, пишува во објавената биографија на новиот в.д. директор Кржалоски.

Целиот текст ОВДЕ