Новинарката Мрѓа, која ја водеше дебатата меѓу Зекири и Јанушев, оди во самоизолација

0
774

Новинарката Душица Мрѓа, која беше домаќин на дебатата меѓу Мухамед Зекири од СДСМ и Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на телевизијата 24 вести, ќе биде во домашна самоизолација во следните 14 дена. Како што соопштија од телевизијата, ваква препорака дале епидемиолозите, откако денес Зекири обелодени дека е позитивен на Ковид 19. Засега, Мрѓа се чувствува добро.

„Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите, испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано. Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик. Колешката Мрѓа е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите. На Зекири и неговото семејство му посакуваме брзо оздравување“, соопштија од ТВ 24.