Нова теорија за Мона Лиза – најлуда до сега

0
1888
Ликот на Мона Лиза главно е креирана според ликот на љубовникот на Да Винчи, ни открива еден италијански уметнички истражувач.

Силвано Винченти, којшто со години наназад го анализирал портретот на Лиза Џерардини, сопругата на богатиот трговец со свила од Фиренца, смета дека тоа е воедно и портрет на Џан Џакомо Капроти, со којшто славниот сликар имал љубовна афера.

– Мона Лиза е делумно маж, а делумно жена. Тоа може особено да го воочите на нејзиното чело, нејзиниот нос и во нејзината насмевка, изјавил Винченти. Винченти проучувал и инфрацрвени снимки од сликата и смета дека воочил големи сличности со останатите слики на Да Винчи, на коишто се појавува токму Капроти, познат уште и по прекарот Салаи.

Салаи станал соработник на Да Винчи уште како момче, додека имал само 10 години, па со него работел полни две децении. Винченти уште во 2011-та година го опишал нивниот однос како дволичен, следејќи ги со тоа и наведувањата на бројни други историчари на уметноста.

Капроти со сликарот бил во интензивна врска додека живееле заедно во раскошната вила на сликарот во период од три години коишто се во периодот околу 1503-та година, токму кога настанал и портретот на славната Мона Лиза.

Меѓутоа, со теоријата на Винченти не се согласуваат сите. За New York Post, историчарот Мартин Кемп од Универзитетот Оксфорд изјавил дека станува збор за полупразни детали и неколку производи од пука фантазијата на Винченти.

– Инфрацрвените снимки по ништо не се совпаѓаат со неговата теорија дека на некој начин сликарот на истата слика го насликал и ликот на Лиза Џерардини и ликот на Џан Џакомо Капроти, заклучува тој.