НОВА: Родителите на Мицковски кои имаат Ковид, хоспитализирани во Систина

0
1093

Родителите на Христијан Мицковски, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ се хоспитализирани во приватната болница „Аџибадем Систина“, дознава НОВА од свои извори во болницата.

Изворите на овој портал велат дека и двајцата имаат Ковид-19, но веројатно се примени со други дијагнози како примарни, па изолирани во посебен дел, бидејќи болницата и официјално се изјасни дека нема да прима пациенти со Ковид, освен ако веќе не биле примени со друга дијагноза и се затекнале таму. Мајка му е примена минатата недела, најверојатно на 24 јуни, а после неа и неговиот татко. Здравствената состојба на неговата мајка веќе била значително подобрена. Таа неколку дена пред приемот била позитивна на Ковид , информација која ја потврди и самиот Мицковски пред 10 дена при посетата на Струмица. Тој тогаш рече дека не се видел со неа подолго време поради ризикот на кој е изложен од средбите и разговорите со повеќе луѓе и нагласи дека сите кои биле во контак со неа се во самоизолација.

целиот текст на НОВА тука