НОВА ОТКРИВА : Вчера имало вистинска драма, се влегувало во кабинети на обвинители кои се на одмор и се конфискувале снимките од бомбите!

0
1344

Дека судот и обвинителството биле координирани и брзи, говорат и овие информации:

-Кога стигнало барањето од судот почнале да ги собираат предметите, па дури и пребарувале по фиоките на тие обвинители кои биле на одмор. Тоа е недозволиво бидејќи постапката е тајна во оваа фаза. Се што требало обвинителството да направи, тоа е да достави одговор дали има или не посебни истражни мерки. Кривичната пријава, цедето и транскриптот не се докази – информира порталот Нова повикувајќи се на извори од обвинителството.

Од извори во Основното обвинителство, Нова дознава дека бил одржан состанок во обвинителството со обвинителите кои работеле на предметите и на кои заменикот на Гордана Гешкоска, Јове Цветанов им соопштил дека со ова ќе се завршат сите предмети, дека наводно така било договорено и дека не треба да поднесуваат жалби. На состанокот присуствувала и Гешкоска но таа не делела задолженија.

Истите извори потенцираат дека од 27 предмети, според сегашните информации, обвинителите во рокот кој истече напишале само три жалби, по кои треба да одлучува кривичниот совет на Апелациониот суд во Скопје.

Секако, ова „укажување“ на Цветанов е спротивно на мислењето на Зврлевски дека судската одлука нив не ги спречува да ги продолжат истрагите, на што ги обврзува и законот.