НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ : Откако го исцицаа ЕЛЕМ со стотици милиони евра наместени тендери, Груевски спрема законска подлога за да го шитни ЕЛЕМ и да ја пополни буџетската дупка од расипничкото трошење за поткуп на гласачи и панорамски тркала!

0
1405

Нова мајмунарија на ВМРО-ДПМНЕ! Грујо решил да го продава ЕЛЕМ, за што се шушкаше одамна дека му бил нуден на шеикот од Катар кој беше на гости во Македонија пред некоја година. Пред неколку дена се одржа многу чуден прес во министерството за економија кој помина речиси незабележано од медиумите, освен Утрински весник кој се чини единствени ја сфатија играта која ја играат ДПМНЕ и ДУИ! Но овој пат, за разлика од пред неколку години кога беа нудени само 49 проценти од ЕЛЕМ, се чини владата спрема подлога тој да биде продаден во значителен процент, над 60 отсто со што целосно би се дал на менаџирање како сегашната ситуација со Македонски Телеком. ЕЛЕМ е монопол во Македонија иако со либерализацијата ќе може да се увезува струја и од надвор а и од малите хидро и соларни централи. Не се знае дали ќе се продава и МЕПСО. ЕВН е веќе продаден. Груевски ќе сака многу бргу да го шитне ЕЛЕМ за да се наполни владата со пари за нови глупости а и за да земе дебел процент каков што слушнавме дека земале за автопатите кои сега е градат во земјава.

elem

Во наредниот период извесно е дека претстојат тешки политички одлуки во енергетскиот сектор, вклучувајќи го и изборот на моделот на сопственичката структура на енергетските капацитети, како и моделот на финансирање на енергетската ефикасност. Тоа треба да биде вградено во новиуот закон за енергетика, за кого е веќе подготвена нацрт-верзија. Според сегашните законски решенија, странското учество во домашните капацитети е ограничено на најмногу 51%. Дали овој процент ќе се зголеми или ќе се намали, ќе биде прецизирано во новиот закон за енергетика, чиј нацрт треба во наредните три месеци да ги помине сите фази и да биде целосно усогласена со директивите на ЕУ и со Енергетската заедница, пишува Утрински весник.

Screenshot_6

Раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Мартин Клауке, на церемонијата на затворање на проектот ,,Зајакнување на административниот капацитет на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика”, даде позитивна оценка на подготвените документи. Тој најави дека ЕУ ќе продолжи да го помага развојот на енергетскиот сектор.

Screenshot_7,,Македноија до скоро беше лидер во регионот во либерализацијата н пазарот на струја, но целосната либерализација што требаше да се случи на почетокот на годинава, како што е познато, се одложи. Се надеваме дека македонските власти ќе ја забрзаат оваа постапка”. изјави тој. Потенцира дека новиот закон за енергетика треба да овозможи пазарот на енергија да биде целосно ефективен што ќе и помогне на Македонија да ги задржи цените на енергијата на најниско можно ниво и да ги зголеми стандардите на услугите.