НОВА КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА: ЗАЕВ, АХМЕТИ И ТЕУТА ФРЛИЈА ЛОПАТА НА НОВИОТ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО ПОЛОШКО!

0
1928
Присуствував на отпочнувањето на градежните активности на системот за наводнување во Равен – Речица, тетовско.
Реализацијата на проектот изнесува околу 975 милиони денари и ќе се финансира со средства од Буџетот, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
Денес заедно со премиерот г. Зоран Заев , лидерот на ДУИ г.Али Ахмети , министерот за земјоделство шумарство и водостопанство г.Љупчо Николовски и во присуство на претставници на компаниите изведувачи свечено ја одбележивме почетната фаза за изградба на еден од најважните проекти за развој на земјоделството во Полошкиот регион.
Изградбата на каналот за наводнување на Равен-Речица е капитален проект финансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, имплементиран преку програмата за рурален развој.
Од голема важност е да се спомене дека преку овој систем се планира наводнување на околу 3250 хектари земјоделско земјиште кое се протега на подрачјето на Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово.
Вкупната вредност на овој модерен систем за наводнување изнесува скоро 15 милиони евра, а според планираната динамика, градежните работи се очекува да траат скоро 5 години.
Со функцијата на проектот неговата имплементација несомнено значително ќе се зголеми продуктивноста на земјоделството во регионот на Полог, со оглед на фактот дека Полошката котлина изобилува со поволни услови за производство на голем број земјоделски култури, градинарство, производството на жито и фуражни култури за добиточна храна.
Преку овој проект, ќе се создадат уште подобри услови во Горни Полог, со здрава и долгорочна перспектива за поттикнување и промоција на земјоделството како една од најважните економски активности на нашата земја.
Изградбата на системот за наводнување на земјоделско земјиште во овој регион значи унапредување на земјоделството и создавање далеку подобри услови за земјоделците.
Сите заедно започнавме реализација на една успешна приказна за потенцијален развој на полошкиот регион која позитивно ќе се одрази на економската благосостојба на сите жители на овој регион.