НОВА АЗДИСАНОСТ НА ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ, АГРОН БУЏАКУ ТРОШЕЛ ПО 40.000 ДЕНАРИ ЗА РУЧЕЦИ И ВЕЧЕРИ!

0
3088

Во поглед на злоупотребите, евидентно е дека постојат од страна на в.д. директорот на Центарот на управување со кризи, Агрон Буџаку и неговиот кабинет. Додека на синдикалците и на вработените не им исплатувал и им „завлекувал“ законски и симболични суми од 3 до 4 илјади денари, галантно трошел со својата картичка над 40 илјади денари во еден ден, рече Илија Бојаровски, претседател на синдикатот на вработените во ЦУК.

– Некомпетентноста и нестручноста е евидентна кога се поставуваат партиски и политички кадри во државни органи, како во случајот со в.д. директорот на ЦУК. Раководење на кризен штаб, подразбира да го раководи професионалец, а и да го свика на време, а не по кризата, како во случајот со излевањето на Вардар, но и претходно со пожарите, рече Бојаровски.

Од Синдикатот на вработените во ЦУК велат дека за подобрување на состојбите и развој на центарот, за директор треба да биде поставен професионалец од сферата на кризниот менаџмент, како што велат и препораките на меѓународната заедница по Мерит системот.

Бојаровски рече дека в.д. директорот Агрон Буџаку во еден ден седел во скопски ресторан и пречекувал седум делегации една по една, каде потрошил над 40 илјади и 700 денари каде од вкупно седумте платени ручеци во тој ден, пет биле за една иста делегација, а тоа е делегацијата на Јапонија.

Бојаровски истакна дека во ЦУК биле и дискриминирани докажани административни кадри.

– Околу 18 вработени се распоредени со „упатувања“ било каде под изговор дека работат за доброто на работата, а вистинската причина било да не пречат во „феудалното владеење на ЦУК“, рече Бојаровски.

Како што кажа и претседателот на синдикатот на вработените во ЦУК, в.д директорот на Центарот заедно со неговите луѓе од кабинетот одозгора над се, ги злоупотребувале службените возила, односно ги користеле за сопствени цели по завршувањето на работното време.

Извор: А1он