НОВАТА ЗВЕЗДА НА СДСМ, МАРТИН ПОПОВ : СИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ЈА НАДОМЕСТИМЕ ШТЕТАТА ВО БУДИНАРЦИ, ВО УМЛЕНА, МАЧЕВО, ИСТЕВНИК И НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА

0
1617

Малешевијата и пожарите во околината на Делчево се под целосна контрола, изгасени и локализирани!
Денеска бев во посета на овој регион како дел од тимот волонтери, кои помагаат на тимовите кои делуваат на терен, координирани од кризниот штаб.

Сите заеднички ќе ја надоместиме штетата во Будинарци, во Умлена, Мачево, Истевник и низ целата држава.
#СДСМ преку надлежните институции со кои раководи се обврзува на тоа државата да ја надомести штетата на граѓаните и нивните имоти, предизвикана од пожарите, како и да ги санира сите последици по животната средина.

Ограмна благодарност за пожртвувноста и посветеноста на пожарникарите, војниците, полицајците, граѓаните, домашните и странски волонтери. Солидарноста и подадената рака од сите, особено од нашите сојузници од ЕУ и НАТО нема да ја заборавиме.🇪🇺🇲🇰