НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ : УСПЕШНО ЈА РЕАЛИЗИРАВМЕ НАБАВКАТА НА ВОЗИЛО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ДВЕТЕ ГРАДИНКИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

0
1137
Успешно ја реализиравме набавката на возило за потребите на двете градинки во општината.

Започнувањето со работа на детската градинка ,,Јаготка” во Обршани, доведе до потреба градинката ,,Весело Штркче” да набави специјално возило за достава на храна и прехрамбени продукти, кое ќе служи на Д.Г ,,Јаготка” за достава на дневни оброци за дечињата кои ја посетуваат.

Ова возило го набавивме со цел непречен и безбеден транспорт на храна, а со тоа се отвора опцијата за целодневна настава за децата од предшколска возраст кои ја посетуваат градинката.

Дечињата заслужуваат најдобри услови, тие се иднината на општина и општина Кривогаштани ќе продолжи со унапредување на условите во сите образовните установи.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кривогаштани, Николче Мискоски.