НИКОЛОСКИ : ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА ВЛАСТА БУЏЕТОТ НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАРИЈАТ ГО ЗГОЛЕМИ ЗА 22 ПАТИ, ВМРО-ДПМНЕ НУДИ МЕРКИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА

0
651

„Проблемот е дека задолжување има, но и поскапување има. Тоа е клучниот парадокс на оваа лоша економска политика која што ја води власта, а тоа е дека парите одат во дупка односно граѓаните не ги гледаат парите. На пример да се градеше инфраструктура можевме да разбереме се гради инфраструктура па таму одат парите. Ниту се градат хидроцентрали, ниту се градат мостови, ниту има посериозни инфраструктурни проекти во железницата. Од друга страна поскапе лебот, брашното, маслото, основните производи. И клучното прашање кое што секој граѓанин си го поставува, е каде одат парите“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио слободна Европа.

Николоски додаде дека постои огромна дупка, црна дупка во Буџетот.

„Само еден податок да кажам за споредба, генералниот секретаријат на Владата од кој што два претходни генерални секретари од актуелната власт веќе се под кривичен прогон, има неверојатен буџет од 660 милиони евра. Тие 660 милиони евра не подлежат на никаков систем на контрола, отчетност, транспарентност и јавни набавки. И прашањето е каде одат тие 660 милиони евра. Споредено на пример ако сакате со 2008 година каде исто така имаше светска економска криза, тогаш генерален секретаријат имал буџет некаде околу 34 милиони евра. Значи за 22 пати зголемен буџетот на генералниот секретаријат“, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека има неколку мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има предложено со цел за да Македонија се извлече од криза.

„Прво е враќање на системот на рамен данок, и намалување на данокот на добивка и на персоналниот данок на 8%, со што Македонија би била држава со најнизок данок во Европа. Тоа е прва работа. Со силен стимул и поддршка на домашните инвеститори низ бескаматни кредитни линии кои што би ги поддржала државата и сериозни грантови. Како и привлекување на странски инвестиции кои што за жал во овие скоро шест години владеење на СДСМ и ДУИ скоро и да не доаѓаат во државата. И четврто многу значајно поттикнување на извозот, сметаме дека Македонија може да е многу компетитивна во услови на светски раст на цените на енергенси, ако Македонија доволно произведува електрична енергија самата, а може и споредено со компетитивната и релативно евтина работна сила и ресурсите кои што ги обезбедила може да биде многу, многу компетитивна на странските пазари. И секако тука како петта компонента е земјоделието, цената на храната расте, македонските ниви и полиња остануваат необработени и е потребен еден силен стимул на земјоделието како и можност да се раздвижи оваа гранка“, појасни Николоски.