Николовски : Уште од 60-тите години на минатиот век, жителите на Кочани зборуваа и ја бараа Браната Речани на Оризарска река. Потребна им е за вода за пиење, за наводнување. Денес, СДСМ го реализира тој проект. Најголем капитален проект! Браната Речани интензивно се гради, со 80 метри висина

0
768

Ќе обезбедува 80.000 жители со вода за пиење и ќе се користи за наводнување на кочанското поле.

Реализиравме многу проекти, а ќе реализираме уште повеќе 👇

📍Градиме 950 км локални, 300 км експресни патишта, 260 км автопатишта, градиме мостови насекаде во државата!

📍Истокот оживеа! Автопатот Миладиновци – Штип, го наследивме со еден куп маани и неправилности, но не се откажавме, го направивме и сега е пуштен во употреба.

📍Три експресни патишта се градат на Истокот. Од Штип до Радовиш, од Штип до Кочани, од Куманово до Крива Паланка ќе се патува по модерен, безбеден и брз пат.

📍И за Браната Отиња, која штипјани ја чекаат три децении има пари. Има пари за се драги луѓе ако се работи домаќински и одговорно!

Одиме напред, зошто #Можеме уште повеќе, уште подобро. Ни значи вашата поддршка!

Фејсбук статус на Љупчо Николовски.