Николовски: Само интервентен откуп е решение за лозарите

0
895

Хаосот со откупот на грозјето во Тиквешијата продолжува. Револтот на лозарите расте. Решенија нема. Безсрамното парадирање на претставниците на министерството за земјоделство, претставници на лозарите и градоначалниците од тиквешкиот регион, не го реши проблемот со откупот на грозјето, реагира Љупчо Николовски – Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Напротив, револтот е уште поголем и сето тоа е резултат на погрешните политики кои што во изминатите години ги водеа Владата и министерот Цветков. Тие ја уништуваат егзистенцијата на лозарите и нивните семејства.

Селективното повикување на лозарите во доцните часови во неделата, единствено покажува слабост и немање идеи за решавање на овој проблем.

Нашите барања се јасни. Потребни се системски мерки, а не паушални мерки што ќе се носат преку ноќ и не се во интерес на лозарите.

Владата согласно Законот за земјоделство и рурален развој можеше да донесе одлука за интервентен откуп со која ќе се овозможеше стабилизација на пазарот и зголемување на цените.
Со тоа вистински ќе се решеа проблемите на лозарите.