Николовски поднесе кривична против вработен во Министерството за земјоделство

0
1096

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека поднел кривична пријава против службено лице во ресорното Министерство кое, согласно ревизорскиот извештај, постапувало спротивно на законите со што му нанело штета на државниот буџет и ги повредило правата на закупците.

-Во ревизорскиот извештај за 2013-2015 година е констатирано дека врз основа на објавени повеќе огласи за давање земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, за површините што се објавуваат во јавните огласи за давање под закуп и кои се утврдуваат врз основа на распложливите катастарски податоци содржани во имотните листови од Агенцијата за катастар, не се извршило увид на лице место за потврдување на фактичката состојба. Не е предложено спроведување инспекциски надзор, ниту се преземени сите потребни мерки и активности за утврдување на причините кога дел од избраните најповолни понудувачи доставиле изјава заверена на нотар дека се откажуваат од договорот, објасни Николовски.