Николовски: Остро ги демантирам последните измислици на фејк-њуз ВМРО и им посакувам побрзо заздравување од проблемите

0
817

ВМРО-ДПМНЕ толку многу е исплашен од мојот и потенцијалот на новата Влада, што уште неизбран сум таргет на грозни лаги од губитничката партија на неодамнешните избори.

Наместо да ги среди внатрешните односи и што поскоро да стане вистинска конструктивна опозиција, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со нивната надалеку позната фејк-њуз политика на измислување лаги, со единствена цел да се скријат сопствените проблеми, недостатоци и некадарност.

Остро ги демантирам последните измислици на фејк-њуз ВМРО и им посакувам побрзо заздравување од проблемите со кои се соочуваат секојдневно последниов период. Тоа е најголемата опозициска партија која заслужува стабилност и вистинско лидерство, за нивно, но и општо добро на сите нас како демократско општество што аспирира да оди напред.

ФБ статус на Љупчо Николовски