НИКОЛОВСКИ : ОД 10 МАЈ ЗАПОЧНУВАМЕ СО АКТИВНА БЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО

0
678

Во тек е седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ каде меѓу другото се расправаше за актуелната политичка состојба и националната катастрофа предизвикана од криминалната и неспособна власт и исто така разговараме и за одредени внатрепартиски прашања и кадровски одлуки кои ги носи партијата, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Како што информираше Николоски, на седницата на ИК донесен е заклучок за активна блокада на Собранието. Тоа подразбира како што рече, активизам за блокада на сите штетни законски решенија и прописи коишто доаѓаат од владата на СДСМ и ДУИ.

„Оваа блокада ќе стапи на сила на 10 мај, а дотогаш бараат коалицијата СДСМ и ДУИ да го преиспита своето однесување и да ја прифати подадената рака за дијалог вклучително и организација на лидерска средба на којашто ќе се договори датум за предвремени избори и отворање на најбитните сектори за коишто ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови.

„Тоа се секторите финансии, здравство, образование и секако меѓународните односи, европските интеграции и проблемот којшто Македонија го има со Бугарија,“ рече Николоски

„Топката сега е кај СДСМ и кај ДУИ да донесат правилна одлука, да седнеме на лидерска средба, да го дефинираме датумот за предвремени избори и да наоѓаме решенија за најклучните проблеми во Македонија.
Доколку тоа не се случи почнуваме на 10 мај со активна блокада на Собранието“, истакна Николоски.

Тој вели дека ова е еден од првите чекори, а потоа во наредните денови ќе продолжат разговорите во рамките на телата на партијата за преземање на идни чекори, при што сите опции се на располагање.

Николоски истакна дека седницата на Извршниот комитет продолжува и ќе се разговара и за останати битни прашања.