НИКОЛОВСКИ: ОВИЕ ДЕНОВИ НА МИЦКОВСКИ МУ СЕ СЛУЧУВААТ ИНЦИДЕНТИ ВО ЛОКАЛНИТЕ КОМИТЕТИ НА ВМРО ДПМНЕ

0
1220

Овие неколку денови претседателот оди на средби по локалните комитети и таму се случува сомнителни непознати типови да лажат дека се вмровци и да влегуваат во дуели со Мицковски со цел да направат раздор во партијата, сметаме дека се тоа агент провокатори пратени од агенцијата за разузнавање која е под палката на Пендаровски, исто се случува и во медиумите новинари кои се на платен список кај агенцијата излегуваат со медиски напади против Мицковски.

Николовски се пожали во интервјуто синоќа на Алфа ТВ во емисијата ЗАСПИ АКО МОЖЕШ. Чудно е зошто Николовски ова го вади во јавност, веројатно се уплашиле од ВМРО ДПМНЕ дека овие инциденти се снимани со телефон и ќе се појават во медиумите па пред време креираат оправдување за да ја намалат штетата за партијата, во реалност веројатно е дека се работи за членови на ВМРО ДПМНЕ на кои им збоктисало од лагите на Мицковски дека ќе дојдат на власт многу бргу и дека ќе има избори кај да е за некој месец, исто така многу членови на ВМРО ДПМНЕ се бесни на ЦИК ЦАК изјавите за референдум, за уставните измени и слично каде Мицковски еден ден вели едно па друг ден друго.

Исто така Мицковски им ветил на многумина кои се по затвори или се влечат по судови дека ќе ги амнестира но ништо од тоа не се случи па овие семејства сега се бунат зошто биле излажани, таков е случајот со осудените за 27ми април кои пред некој ден излегоа во јавност дека веќе 5 години се по затвори и сите ги заборавиле а тие заглавиле по наредба на ВМРО ДПМНЕ со ветување дека нема да лежат затвор ако тепаат во собрание.