Николовски и ОО СДСМ Крива Паланка донираа телевизор и храна за Дневниот центар за лица со попреченост

0
659

Водени од мислата дека празниците се период на честитки, убави мисли и добри дела дел од функционерите при Општинската организација на СДСМ – Крива Паланка заедно со генералниот секретар на партијата и вицепремиер Љупчо Николовски денеска беа во посета на кривопаланечкиот Дневен центар за лица со попреченост каде донираа телевизор и новогодишни пакетчиња.

„Со големо задоволство, на дечињата во Дневен центар за лица со посебни потреби во Крива Паланка, денеска им предадовме скромна донација – нов телевизор со цел да ги подобриме условите за нивното слободно време. Им посакав добро здравје, сигурна и безгрижна нова 2021 година. Ја споделивме радоста за празниците и со неколку новогодишни пакетчиња за најмладите“ – порача Николовски при посетата.

За соработката и прифаќањето на оваа иницијатива Николовски им се заблагодари на менаџментот и вработените во Домот потенцирајќи посебна благодарност за нивната грижа за штитениците.

„Да помагаме секогаш кога можеме и да поттикнуваме, меѓусебната поддршка е човечка и македонска вредност“ – порача Николовски кој не прв пат се приклучува кон хуманитарните активности во Крива Паланка.

Во посетата на Дневниот центар каде беа врачени подароците беа претседателот на СДММ Марко Михаилоски и претседателот на ОО СДСМ Михаил Дејановски.

Во Домот се згрижени 22 дечиња без родители кои добиваат секојдневна поддршка и грижа.