НИКОЛОВСКИ : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВСКИ ПОКАЖА ДЕКА ОПШТИНАТА Е САМО ЗАЛОЖНИК НА ПАРТИСКАТА ХИЕРАРХИЈА НА ДПМНЕ. ДОКАЗ ЗА ТОА Е КАТАСТРОФАЛНОТО МЕНАЏИРАЊЕ СО НЕЈЗИНИОТ БУЏЕТ.

0
1278

Веќе подолг временски период како советничка група посочуваме дека состојбите со буџетот на општината и неговата реализација се алармантни.

Доказ за тоа е и извештајот за реализацијата на истиот во периодот јануари-јуни 2015 година каде целосно може да се согледаат катастрофалните резултати од менаџирањето во процесот на негово пополнување. Тоа недвосмислено говори дека во Буџетот на општина Гази Баба нема финансиски средства кои би се инвестирале во инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.

Буџетот,  изгласан од страна на советничката група на владејачката партија беше проектиран во висина од 958.268.000 денари (или повеќе од 15 милиони евра), е во катастрофална финансиска кондиција по само 6 месеци од тековната година. Имено, во првата половина од годината општината успеала да реализира само 309.290.642,00 денари(или нешто повеќе од 5 милиони евра ) што претставува само 32% од вкупниот проектиран годишен буџет. Тоа значи дека се реализирани 18% помали приходи од вкупно предвидените.

За да биде катастрофата уште поголема, доколку се одбијат приходите од дотации со кои се финансираат основните училишта и градинки , реализацијата на буџетот во првата половина од годината е само 26% од предвиденото што е потфрлање за цели 50% во предвидениот период.

Граѓаните на Гази Баба треба да знаат дека партиските кадри на владејачката партија доживеаја тотален крах во реализацијата на приходите од надоместок за уредување на градежно земјиште т.н. комуналии за градба каде од предвидените 131.780.000 денари (или 2,14 милиони евра) во периодот јануари-јуни 2015 година се реализирани само 15.780.000,00 денари (или 255.000,00 евра) што е само 12% од предвидените приходи или согласно комуналиите за М2 (120ЕВРА/М2 комуналии).

Согласно овие математички пресметки можеме да заклучиме дека за овој период на територија на општина Гази Баба се платени комуналии за изградба на само 2100м2 станбена површина .

Ова директно покажува дека Градоначалникот Трајковски нема капацитет, а уште помалку кредибилитет да остане татко на општината кој треба да се грижи за квалитетот на живот на своите сограѓани , тренд што го следи неговото пет и пол годишно владеење.

Експертот за рушење на инвестиции и градежни зафати на партиските неистомисленици – случај Космос нешто што сите граѓани имаа можност јавно да го слушнаа во бомбите на Опозицијата кои се дел од проектот “Вистината за Македонија“, продолжува со неодговорно однесување кон проблемите на населението без никаков слух за нивните барања и секојдневни маки.

Го прашуваме Градоначалникот Трајковски дали неисполнетите лажни ветувања во кампањата, потонати улици во кал, како и тоа што дел од граѓаните во општината во 21век сеуште живеат без квалитетна вода за пиење и примитивен одводен систем односно септички јами не се доволен доказ и повик за негова итна оставка.

 Дарио Николовски, координатор на Советничка група на СДСМ Гази Баба