НИКОЛОВСКИ: ВЛАДАТА НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА ЈА ЗГОЛЕМИ СУБВЕНЦИЈАТА ЗА ДОМАТИТЕ

0
1031

Ја зголемивме висината на субвенциите за предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети на 7 денари за килограм. Одлуката ја донесе Владата на денешната седница, а за оваа мерка се планирани 2 милиони денари. Наша цел е да обезбедиме повисока цена за откуп на доматот и да го вратиме балансот помеѓу понудата и побарувачката.

Во определениот период очекуваме да се откупат околу 500 тони домати. Интервентната мерка важи за земјоделците кои ќе ги предадат доматите во преработувачки капацитети или преку регистриран откупувач од денеска до 15 јули годинава. Продолжуваме да ја следиме состојбата на пазарот, со цел да овозможиме поволни услови за работа и развој за сите засегнати страни во земјоделскиот сектор.

Љупче Николовски, министер за земјоделие