НИКОЛОВСКИ ОД ТРИБИНАТА ВО ОХРИД ,,НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА” : СО ХРАБРИ ОДЛУКИ ИСПОРАЧАВМЕ ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, ВО ЕУ САМО СО ЗАШТИТЕН МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ

0
924
Николовски од Најдоброто во Охрид: Со храбри одлуки испорачавме членство во НАТО, во ЕУ само со заштитен македонски иденитет
 
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва во обраќање на трибината „Најдоброто за нашата општина“ се осврна на силната меѓнародна поддршка на Република Северна Македонија, што се потврди со Преспа форум дијалогот и пораките кои ги упатија врвни државници од Европа и светот.
– Пораките од Преспа форумот потврди колку е голем рејтнигот и меѓународната позиција на државата. 11 години ниту некој доаѓаше од странство, ниту пак нашите државници некаде одеа, бевме излорана и заробена држава.  Од друга страна, она што денес го гледаме е реализација на сон на многу генерации. Денеска гледаме со каква почит се однесуваат едно светски државници, од Вашингтон, од Берлин од Париз, од Лондон, каде што само во последниот месец беше и нашиот премиер Зоран Заев. Благодарение на храбрите одлуки, ја остваривме стратешката цел и станавме земја членка на НАТО со заштитен идентитет. И тука, од Охрид уште еднаш ќе испратиме порака дека македонскиот иденитет, македонскиот јазик којшто го заштитвме, ниту е ниту ќе биде предмет на преговори, ќе ја продолжиме интеграцијата во ЕУ само со заштитен идентитет и јазик, посочи Николовски.
Генералниот секретар ги посочи и разликите што ги направи СДСМ за само четири години владеење.
– Заедно успеавме да ја вратиме слободата, демократијата и правдата, го отворивме патот кон ЕУ и НАТО, конечно дојде генерација која со храбри одлуки, со силни чекори ги направи клучните успеси за државата, заклучи Николовски.