Никола Димитров со емотивна реакција: Сакам јавно да и’ се извинам на ќерка ми за јавното изложување, само затоа што е успешна, гордост моја!

0
1202

Пред се’, сакам јавно да и’ се извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене.

СИТЕ студенти кои 1) се запишале на еден од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа 2) во област наведена во повикот, БЕЗ СЕЛЕКЦИЈА, БЕЗ ИСКЛУЧОК, добиле стипендија.

Програмата е воведена од претходната влада.

Во 2017, немало ниту доволно кандидати. Со други зборови, НИКОЈ не одлучувал дали ќерка ми или некој друг кандидат ќе добие стипендија. Сите кои ги исполниле условите добиле стипендија. Јавно повикувам да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија во изминатите години, од воведувањето на програмата.

Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време кога не’ чека историска одлука.