НИКОЛА ДИМИТРОВ ПО СРЕДБАТА СО ХОРХЕ: Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем кој не влече како камен кон дното, со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата

0
1155

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Соопштение до средствата за јавно информирање

Средба на МНР Димитров со ПРМ Иванов

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на денешната средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, информираше за содржината на последните разговори со МНР на Грција, Никос Коѕијас, во Њујорк и во Брисел.

По средбата, МНР Димитров изјави:

„За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што не’ влече надолу и ни’ ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори. Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата.”

Со почит,

Сектор за односи со јавност

31 мај 2018, Скопје