НЕ ПОМОГНА ДУРИ НИ ХИМЕНОПЛАСТИКА ЗА ОБЕЛУВАЊЕ НА КУРТОН ОБРАЗОТ НА ПЕТРЕСКИ : Вест сега се придружи на пропагандистичките Курир, Република, Сител, Канал 5 и други медиуми и портали раководени од платеници во новинарството, кои примаат нарачки за наслови и текстови!

0
993

Ова е насловна страница на некогаш авангардниот и допадлив весник Вест.

Тој им се придружи на пропагандистичките Курир, Република, Сител, Канал 5 и други медиуми и портали раководени од платеници во новинарството, кои примаат нарачки за наслови, текстови, спружување на насловна директно од неколкумината од ВМРО ДПМНЕ задолжени за перење на мозоците на голем дел од населението. Благодарение на новиот уредник Горан Петрески и неговата заменичка Слаѓана Димишкова, инаку претседателка на МАН. Сите тие заедно на најгруб начин манипулираат со јавноста, свесно ги извртуваат фактите, лажно информираат, клеветат и спинуваат.

12063853_10154811069624466_4833263847075579553_n

На пример, Сител има наслов на интернет страницата – ,,Фатиме Фетаи: Сите што го продаваат името ќе бидат заштитени од Катица Јанева и Заев”. Во овој наслов се направени неколку суштински повреди на принципите на правилно и објективно информирање, како и свесна злоупотреба на професијата заради манипулација со јавноста.

Прво, Фатиме Фетаи нема такво нешто изјавено, што значи направена е клевета и е злоупотребено нејзиното име, а второ констатацијата дека Јанева и Заев ќе ги заштитат тие што ќе го продадат името е целосно измислена. Истиот наслов и истиот текст се појавува најмалку уште на неколку портали, меѓу кои и Курир, што јасно покажува дека текстот е нарачана политичка пропаганда.

Ова значи дека треба да се преземат конкретни законски мерки и санкции против сите учесници во свесните медиумски манипулации, заради лични причини на поединци, кои за да ги заштитат своите позиции, криминалот и злоупотребата на функциите прават невидена и долгорочна штета во новинарството, медиумите и општеството, воопшто. Ова исто така покажува дека се направени погрешни процени од поединци во ЗНМ, кои и покрај укажувањата, ги изедначија носителите на политичката пропаганда, од Сител на пример, со сите професионалци, и неселективно го штитеа и нивниот, новинарски интегрититет, од наводни напади на политички партии.

Затоа, мора јасно и гласно да се каже и да се посочат со име и презиме сите кои ја злоупотребиле новинарската професија и секако да се оградиме од нив, а се разбира законски да одговараат за сите повреди на законите и злоупотреби на позициите!

Фејсбук статус на новинарката Емилија Лазаровска