НЕ ИЗДРЖА СРЦЕ ЈУНАЧКО, ВУЧИЌ ЗАПОЧНА ДА ПЛУКА ПО АЛБАНЦИТЕ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПОГРЕШНАТА ПОЛИТИКА ВО СРБИЈА : Албанците покажаа дека никогаш не им било грижа за правдата и правата!

0
1462

По повеќегодишните закани, денеска, официјално косовската војска на нелегален и незаконски начин е формирана, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, на вонредна прес-конференција што ја закажа за вечерва.

„Сè што сторија Албанците го сториле во спротивност со меѓународното право и во спротивност со својот највисок правен акт, Уставот, како што велат тие, на Република Косово, и покажаа дека никогаш не им било до правото и правдата, туку до реализирање сила, напад врз Србите и нескриен напад врз Република Србија“, рече претседателот Вучиќ.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Белград водел дијалог бидејќи сака компромис.

Тој изјави дека бил цел на општа критика од целата српска јавност бидејќи тој го предлагал она што му било кажано.

Претседателот на Србија вечерва истакна дека е создадена атмосфера што ја гази и уништува Србија.

Тој во изјавата рече дека Србија се префрла на мирна демократска политика, која се обидува да ги заштити своите државни и национални интереси.