НЕСУДЕНАТА КОНЗУЛКА ВО ЊУЈОРК ИНАКУ КАДРОВИК НА ДУИ, БЕСМИРА ЕЈУПИ ИМАЛА ДОЛГО И ШИРОКО РАЧЕ – АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРА ПРЕДМЕТ ЗА НЕА БИДЕЈЌИ ЗЕМАЛА СОЛЕН ХОНОРАР ОД 5 ИНСТИТУЦИИ!

0
732

По информациите дека несудената конзулка во Њујорк, Бесмира Ејупи, поранешна ТВ-презентерка за нецела година инкасирала буџетски средства од скоро 12 илјади евра преку 39 трансакции реализирани во текот на ланската и тековната година, денеска стигна вест дека антикорупциска ќе отвори предмет за овие наоди.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата за МИА потврдија дека од денеска отвораат предмет според допрен глас и ќе проверуваат податоците од институциите во врска со објавени информации дека на телевизиската презентерката Бесмира Ејупи и биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници.

Според она што беше објавено во некои медиуми, кон Ејупи се извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници и тоа од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница.

Според податоците од базата „Отворени финансии“, Ејупи во периодот 2021-2022 година фигурира како примател на средства од 5 буџетски органи под ставката 425990, со која, според Правилникот за класификација на расходите, се означуваат „други договорни услуги“.

Најмногу трансакции и најголема исплата кон Ејупи е регистрирана од Државното правобранителство на чело со Фехми Стафа, од каде преку 11 трансакции, главно од износ од по 24.900 денари, и се исплатени вкупно 247.658 денари или околу 4.000 евра, почнувајќи од април лани па се до февруар годинава.

Ист број на трансакции кон Ејупи се регистрирани и од Општина Чаир, кои, со исклучок на една, изнесуваат по 9.000 денари, така што нивната вкупна вредност достигнува 94.935 денари или околу 1.500 евра