НЕМА ЗАБОШОТУВАЊЕ, ТУКУ АПС И ОТКАЗ: Советник на Филипче доби отказ-бил фатен со марихуана

0
865
Горјан Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во Министерство за здравство и тој не е советник во кабинетот на министерот Филипче, соопштија од ресорното Министерство. Оваа информација доаѓа откако вчера некои медиуми објавија дека  01.02.2020 во 17.00 часот во Градски парк, кај Гилевски била пронадена марихуана по што по бил поднесен соодветен прекршок.
„Најостро ги осудувам сите постапки на прекршување на закони во државата. Нема селективна правда, законот важи подеднакво за сите и мора да се почитува од секој граѓанин во општеството. Горјан Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во Министерство за здравство и тој не е советник во кабинетот. Очекуваме надлежните институции да постапат соодветно по случајот“, изјави министерот Филипче.