НЕМА ДА ИМА РАСКОЛ ВО НСДП: КРИСТИЈАН ТРАЈКОВСКИ ЈА ПОВЛЕЧЕ КАНДИДАТУРАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА, СИ ПОДАДОА РАКА СО СЛЕДНИОТ ЛИДЕР ГОРАН МИСОВСКИ

0
522

Извршниот одбор на НСДП на седница одржана на 25 мај 2022 година го избра Работното претседателство на Петтиот Конгрес на НСДП, кој ќе се оддржи на 4 јуни 2022 година во Скопје, а со кој ќе претседава Соња Мираковска во следниот состав: Мики Милковски, Јулијана Цековска, Стојанче Манев, Зоран Маневски, Марија Тодоровска, Драги Крстев, Тамара Баара и Тони Ефремовски.

Исто така беше утврден предлог-составот на работните тела на Петтиот Конгрес и тоа Верификационата комисија, Кандидационата комисија и Изборната комисија. Покрај работните тела се утврди и Предлог-деловник за работа на Петтиот Конгрес и се дискутираше за останатите организациски подготовки.

Воедно ја известуваме јавноста дека на крајот од седницата организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски како потенцијален кандидат за претседател на НСДП, ја повлече својата кандидатура и му честиташе на Горан Мисовски, единствениот кандидат за претседател на НСДП утврден од страна на Централниот одбор на партијата.

Трајковски упати порака НСДП да остане единствена, обединета и да биде модерна партија која ќе има значајна улога на македонската политичка сцена и партија со ново раководство кое ќе продолжи да ги следи вредностите на основачот и прв лидер Тито Петковски.