НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ИЗБОРНА СПИРАЛА ПОРАДИ НЕЧИЕ ЕГО, ПОРАЧА ПЕТКОВ

0
627

Се што зависи од нас ќе направиме за Бугарија да продолжи со истата влада што ја има во моментов. Нема да дозволиме Бугарија да влезе во изборна спирала поради нечие его, задкулисни игри или нешто друго.

Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по вечерашниот состанок со коалициските партнери, откако Слави Трифонов од Има таков народ (ИТН) денеска реши да излезе од Владата.

Петков порача дека избори не се потребни во период на војна, енергетска и гасна криза, како и во период кога до крајот на годината треба да се усвојат 20-тина закони кои би ѝ овозможиле на Бугарија да добие пари од Брисел.

Во интервју за БТВ, пак, пред коалицискиот состанок тој ја отфрли можноста да бара поддршка од опозициските партии: ГЕРБ на Бојко Борисов која има 59 пратеници; ДПС која е со 34 мандати; и Преродба која има 13 пратеници.

Она во што тој полага надеж за да има мнозинство од 121 пратеник, според кажаното во интервјуто за БТВ, се евентуална одлука на 12 од 25-те пратеници што ги има Трифонов, да станат независни и да дадат поддршка на владата.