НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: ГЕРО СЕ КОЛНЕ ДЕКА НЕМАЛ НИКАКВА МАТЕРИЈАЛНА КОРИСТ ОД ТЕСТОВИТЕ НА СИСТИНА, А ИСТИТЕ ГИ РЕКЛАМИРА НА БАНЕР НА СВОЈОТ ПОРТАЛ!

0
1028

Геро пишува во својата колумна во која повикува до јавноста повеќе да се тестирале:

Сосема на крајот, што се однесува до мојата ролја во сево ова, одговорно го тврдам следново: правото на јавноста да ги добие потребните информации ми е на прво место и друг мој личен интерес, надвор од професионалниот, едноставно не постои! За разлика од Министерство за здравство и Фондот за здравство, кои имаат склучено договори со двете приватни клинички болници и со други приватни субјекти за пружање здравствени услуги за државни пари (како што и треба, впрочем), јас такви договори не склучувам, бидејќи не сум во позиција тоа да го правам, па не можам да се надевам и на парче од „колачот“, нели. А ниту сум бил и ниту ќе бидам ангажиран во медиум кој учествувал или ќе учествува во криминални активности за извлекување лични бенефити од тие легални, легитимни и општествено полезни договори на државата со приватниот здравствен сектор. Кога ќе заврши оваа битка со вирусот монструм, кога ќе оздравиме и ќе се радуваме на победата (дај боже сите да го дочекаме тој ден живи и здрави), дури тогаш пак ќе ги отвориме тефтерите и ќе зборуваме за минатите, а можеби и за некои сегашни профитери.

Но, сите читатели можат да го забележат банерот за тестовите закачен најгоре на порталот Плусинфо: