НЕКОЛКУ СТОТИЦИ ШПАНСКИ ВМРОВЦИ ИЗЛЕГОА ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ВЛАДИНИТЕ РИГОРОЗНИ МЕРКИ

0
991

Демонстрантите не се задоволни од начинот на кој владата на премиерот Педро Санчез управува со кризата со коронавирусот, сметајќи ја одговорна за затворање на илјадници работни места.

“Оставка, оставка!” извикуваа во округот Саламанка, каде демонстрантите излегоа со метални лажици и удираа по садови во знак на протест. Саламанка, мирно соседство на добронамерни луѓе, стана жариште на антивладините протести во Шпанија.

Во последниве денови, жителите секоја вечер од 21 часот излегуваат на балконите и прозорците за да го искажат своето незадоволство, но од понеделник излегоа и на улиците. Вчеравечер најголем број демонстранти се собраа на крстосница на две улици. На местото на настанот пристигнале петнаесетина полициски комбиња, додека полициски хеликоптер кружел над зградите.

“Соседите започнаа да се собираат спонтано. Бараме оставка од премиерот Санчез да стави крај на карантинот за жителите затворени во становите,да се зачуваат работните места и да се врати економскиот просперитет”, рече Марија Луиза Фернандез, портпарол на движењето Саламанка, која се појави пред четири дена. Таа тврди дека ова не е политичко движење и дека луѓето што гласаат различно на изборите можат да се приклучат.

На последните парламентарни избори одржани пред седум месеци, конзервативната Народна партија, во моментов најголема опозициска партија во земјата, освои 61 процент од гласовите.

“Слобода, слобода!” извикуваа демонстрантите со шпански знамиња, што беа обесени на балконите.

„Владата неоправдано не држи затворени во становите, дозволувајќи работните места да се затворат, туризмот, трговијата и другите сектори“, рече 30-годишниот демонстрант, кој одби да го каже своето име.

Во Мадрид сите објекти се затворени, освен продавници за храна, аптеки, киосци, банки, бензински пумпи и мали продавници со простор до 400 метри квадратни, како што се фризери, книжарници и цвеќарници каде што треба да нарачате однапред по телефон за да нема повеќе луѓе во објектот во исто време.

Со 229.540 лица заразени со коронавирус, Шпанија е втора по бројност земја во Европа по Велика Британија. Починале 27.320 жители.

Извор : Канал 5