Недомаќинско работење: 50 илјади денари од Центар за култура – Кр.Паланка на ТП Пиги за јадење и пиење

0
1701

Омилен ресторант на директорот на Центарот за култура – Крива Паланка бил ТП Пиги Актуел. Омилен, да, затоа што се јадело и пиело а се плаќало со потпис од парите на граѓаните.

Таму се гоштевале некогаш и по два пати во еден ист ден.

Во јавно објавените документи на веб страната на Бирото за јавни набавки може да се види дека за последните три месеци од 2013 година од вкупно 16 фактури дури 9 (8+1) се од една иста фирма, ТП Пиги Актуел и ТП Пиги плус Крива Паланка.

pigi

Тоа пак создава сомнеж кај повеќето граѓани, зошто покрај останатите ресторани кои се неколку класи подобри и со квалитет и со цена, токму овој ресторант бил омилен на директорот на Центарот за култура?

rangelov

Дали затоа што можеби сопственикот е член и активист на Вмро Дпмне, па со таквите како велеше Стевче Јакимовски може полесно да се прави алаш-вериш, со сметките?

nabavka

Неодговорно е додека секојдневно младината ни заминува на печалба во странство, стандардот опаѓа, сиромаштијата расте, јавните функционери да прават огромни сметки по кафеани и ресторани на грбот на граѓаните и се расфрлуваат со парите на народот.

Ние како портал вршиме истражување на сите јавни набавки кои се потпишувани во изминатиов период од локалните функционери во Крива Паланка и сето она што според нас е сомнително, ќе го објавиме пред јавноста.

Следете не, следуваат шокантни податоци.

Граѓаните заслужуваат да знаат како се трошеле нивните пари.

Секој кој се огрешил од законот мора да одговара а украденото да го врати назад.

Во Македонија мора да завладее правото и правната држава.