НЕВЕРОЈАТНО : Шефот на ЦИА имал тајна средба со лидерот на Северна Кореја за Велигден

0
1169

Шефот на ЦИА, Мајк Помпео имал тајна средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун во Пјонг Пјанг за време на велигденските празници.

Оваа вест одекна како бомба денеска во светските медиуми. Веста за средбата не беше демантирана и од двете страни.

Агендата на средбата се шпекулира дека била организирање на лидерска средба меѓу Трамп и Ким.

Проблемот бил што Ким како и татко му не сака да патува со авион и брод поради страв од атентат, и патува само со воз. Па можни средби се само локации во соседните Кина, Русија и Јужна Кореја.

Ќе видиме дали ќе се оствари таа средба, која е услов од Северна Кореја за да се откажат од ракетната и нуклеарната програма.

Инаку Мајк Помпео важи за најблизок соработник на Трамп, па затоа тој е и предложен за наследник на Рекс Тилерсон на местото државен секретар или по нашки, министер за надворешни работи.