НЕВЕРОЈАТНО : ОТКАКО ЦЕЛИ 12 ГОДИНИ СЕ ПОВИКУВААТ НА НАРОДОТ ПРЕКУ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО СЕГА МИЦЕ И ВМРОВЦИТЕ ПЛАЧАТ ДЕКА НЕМА ДА ГО ПРИЗНААТ!

0
1197

Референдум кој не е задолжителен ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае како волја на народот, вели лидерот Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М вечерва.

„Ние немаме можност конвенционално да одговараме на вашите прашања и да правиме стратегии бидејќи имаме работа со луѓе кои на дневна основа ги менуваат своите ставови. Доколку референдумот биде обврзувачки, бидејќи треба да излезат 50 проценти плус еден од избирачите и тиеда  гласаат за или против и тогаш резултатот сите ќе треба да го почитуваме, не само ВМРО-ДПМНЕ, но тој најпрвин треба да биде демократски“, вели Мицкоски.

Не можам да го прифатам договорот за името како решение за проблемот, додава Мицкоски, кој притоа рече дека нашата преговарачка екипа предводена од Заев и Димитров прифати обврски кои што во парламентот ќе се гласаат со просто мнозинство, а кои всушност треба да бидат направени со двотретинско мнозинство.

„Во чие име е потпишан договорот, во име на Македонија, во име на ОН. Не е точен  аргументот дека се сочувани националните идентите на Македонците и јазикот, тоа се стекнати права, прашајте било кој експерт. Апсолутно Договорот не може да се прикаже како придобивка. Не само што не го задржавме идентиотетот туку и ги загубивме. Ние тие права ги загубивме и веќе нема да бидеме Македонци туку,  граѓани на Северна Македонија. Тоа го кажува и Ципрас и никаде не слунав демант од нашата влада“, рече Мицкоски.

Според него Македонци треба да живеат со последиците од овој договор, кој им го негира правото да се идентификуваат како Македонци и да живеат во македонска држава. Мицкоскипосочи дека Макеоднците кои живеат надвор со овој договор не можат да се идентификуваат како македонци затоа што не живеат на територијата на Република Северна Македонија.