НА 17-ТИ ОКТОМВРИ СИТЕ ЌЕ ГО ГЛАСААТ МЛАДИОТ НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ, ЗА РАЗВОЈ И ЗАЕДНИШТВО, ЗА СУБВЕНЦИИ, ЗА НОВИ ПРОЕКТИ БЕЗ ПОДЕЛБИ, УЦЕНИ И ЗАКАНИ

0
687
Општина Кривогаштани го бира бројот 12 за континуитет, за развој и заедништво, за субвенции, за проекти за сите, наместо поделби и закани.

Со Николче Мискоски идниот градоначалник, со носителот на листата Горан Новакоски планираме да продолжиме со сериозно вложување во патната инфраструктура во целата општина, проширување на индустриските капацитети и нови работни места за младите, реконструкција на старата училишна зграда во Кривогаштани, набавка на фотоволтаични панели, изградба на спортска сала во село Обршани, изградба на фабрика за преработка и рециклирање на отпад и голем број други проекти.

Кривогаштани е прогресивна општина. Жителите на Кривогаштани го бираат #Најдоброто, бидејќи знаат дека СДСМ покажува искрена и вистинска грижа за земјоделците, го вреднува и цени нивниот труд.

Со СДСМ земјоделските субвенции пораснаа на највисоко ниво, секогаш редовно на време.

За четири години ги реконструиравме регионалните патишта Воѓани – Бучин, Кривогаштани – Житоше, се реконструираше и се изгради канализациска мрежа во неколку села, доизградивме и опремивме градинка, асфалтирани и реконструирани беа голем број улици, силно беше унапредена комуналната хигиена.
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Кривогаштани, Николче Мискоски.