На социјалните мрежи Пендаровски растура од лајкови: Стево има скоро 70 илјади, а Гордана 15 илјади следбеници

0
2103

Претседалскиот кандидат на СДСМ и здружената коалиција, Стево Пендаровски е на врвот според број на следбеници на социјалната мрежа фејсбук, каде има безмалку 70.000 следбеници, додека неговиот противкандидат Гордана Силјановска ја следат нешто над 15 илјади луѓе.

Кандидатот на неколку здружени албански партии, Блерим Река има над 10.000 допаѓања.

Социјалните мрежи, во модерното време, се одлична алатка за политичките кандидати да ги промовираат своите активности, а политичарите во Македонија веќе со години ги користат овие поволности за претставување на своите секојдневни активности, но и директна комуникација со граѓаните.

Заев има седум пати повеќе следбеници од Мицкоски

Лидерите на двете најголеми партии во Македонија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се вклучени на социјалните мрежи, па така според она што официјално може да се види премиерот Зоран Заев, кој е и лидер на најголемата политичка партија од власта СДСМ има скоро 217.000 допаѓања на својата фан страна и дополнителни 5000 пријатели на својот фејсбук профил, кој го следат уште 33.000 луѓе, со што вкупно се добива бројка од 255.000 луѓе, што го прави дефинитивно најпопуларен политичар во Македонија, додека Христијан Мицкоски лидер на најголемата опозициска партија од македонскиот блок има 37.000 следбеници.

И двајцата секојдневно преку текстуални и видео пораки им се обраќаат на јавноста, информирајќи ги граѓаните за нивните секојдневни активности.

Често најголемите топ теми во медиумите доаѓаат токму од фејсбук или твитер објавите на македонските политичари.

За споредба, екс-премиерот Никола Груевски има 227.000 допаѓања на својата фан страница која ја градеше додека беше премиер, а ја користи и денес со цел да ги коментира настаните за родната Македонија, бидејќи е во бегство во Унгарија, откако беше осуден на две годишна затворска казна, а против него се водат сериозни предмети во кои осоменичен,  покренати од страна на СЈО и Јавното обвинителство на Македонија.