На преговарачка маса пред БУЛДОЖЕРОТ на Меркел ставени 3 услови?

0
803

Поништување на аболицијата, одлагање на изборите и прогласување на Уставниот суд за ненадлежен за работата на специјалното јавно обвителство, се трите услови кои ги испорачува меѓународната заедница во преговорите, од утре засилена со специјалниот претставник за Македонија од Германија, амбасадорот Јоханес Хајндл, објави Телма.

Американскиот амбасадор Џес Бејли не открива детали околу текот на разговорите, но потврдува дека се бара решение.

Според извори кои се вклучени во преговорите, ставот на ВМРО ДПМНЕ во однос на барањето за понишување на аболицијата, бил дека нема начин како тоа се реализира без протоа да се прекрши Уставот.