НА ПАЦИФИКОТ ПЛОВЕЛЕ 3,2 ТОНИ КОКАИН

0
502

Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека заплениле 3,2 тони кокаин, чија вредност е 279,5 милиони евра, кои пловеле во Пацификот.

Се претпоставува дека крајната дестинација на дрогата била Австралија.

На сликата објавена од полицијата на Нов Зеланд се гледаат пакети со дрога кои пливаат во океанот прикачени на сплавови пред заплената, пренесува „Ројтерс“.

„Ова е една од најголемите заплени на дрога во земјата“, рече комесарот на полицијата на Нов Зеланд, Ендрју Костер.

Новозеландскиот царински контролор Бил Пери ја процени вредноста на запленетиот кокаин на 279,5 милиони евра.

Полицијата досега не уапсила никого.